ПАДНА СКОПЈЕ: ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова победија

21.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПАДНА СКОПЈЕ: ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова победија

Според конечните податоци од пребројувањето на гласовите од Аналитичкиот центар на опоцизициската партија ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова извојуваа цврста победа во скопските општини.

Од резултатите објавени во 19.45 часот Ѓорче Петров, Гази Баба, Аеродром се само дел од општините во кои води кандидатката за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. Според она што го имаме како податок од досега пребројаните гласови во Гази Баба, за Силјановска Давкова гласале двојно повеќе граѓани отколку за Стево Пендаровски и СДСМ. Разликата помеѓу Силјановска и кандидатот на СДСМ, е голема и во Куманово како и во Битола. На некои места таа разлика е дури 2.5 према 1.

Пред 21 часот, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ објави дека од 43% од обработените гласови Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ водат во голем број избирачки места и општини: Битола, Велес, Кавадарци, Кичево, Кочани, Неготино, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Свети Николе, Штип, Аердром, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода.

Од обработените податоци веќе победивме во Пехчево, Јегуновце, Градско, Вевчани, Могила, Илинден, Лозово, Радовиш, Ѓорче Петров, рече Јанушев.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата