Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата Клан Дебата, на националната телевизија КЛАН, посочи дека Република Македонија нема право повеќе да бара никакви отстапки ниту од македонскиот народ, ниту од Република Македонија, нагласувајќи дека концесиите завршиле.

“Мислам дека веќе тие немаат апсолутно од нас ништо да бараат, ниту како народ, ниту како држава. Завршија концесиите, толку е. Сега треба да имаме испорака и да го добиеме заслуженото. Станавме земја членка на НАТО треба да ги почнеме преговорите со ЕУ, дециден е Мицкоски.