Комичарот Зеленски победи на претседателските избори во Украина

21.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Комичарот Зеленски победи на претседателските избори во Украина

Актерот и комичар Володимир Зеленски победи на претседателските избори во Украина, јавува „Асошиејтед прес“ повикувајќи се на излезна анкета што ја спроведоа Киевскиот институт за социологија и Центарот за испитување на јавното мислење Разумков.

Зеленски во вториот круг освои 73,2 отсто од гласовите, а актуелниот претседател Петро Порошенко 25,3 отсто.

Анкетата е заснована на повеќе од 13.000 одговори на прашања лице в лице на 300 гласачки места, два часа пред затворањето на избирачките места. Авторите на анкетата тврдат дека границата за грешка е три отсто.

41-годишниот Зеленски, кој игра фиктивен претседател во популарно ТВ-шоу, вети дека ќе стави крај на војната во источниот регион Донбас и ќе ја искорени корупцијата.

Зеленски доби двојно повеќе гласови од Порошенко во првиот круг на гласање пред три недели.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата