Комичар стана претседател на Украина, ама ВИСТИНСКИ КОМИЧАР!

21.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Комичар стана претседател на Украина, ама ВИСТИНСКИ КОМИЧАР!

Украинскиот комичар Володимир Зеленски убедливо победи во вториот круг од изборите и ќе стане следниот претседател на државата, покажуваат резултатите од излезните анкети. 

Според анкетите, тој има повеќе од 70 отсто поддршка. Доминираше во првиот круг на гласање пред три недели, кога на ливчето беа 39 кандидати.

Зеленски му беше противкандидат на актуелниот претседател Петро Порошенко. Порошенко призна дека изгубил, но рече дека нема да ја напушти политиката.

Претседателот на Украина има значајни овластувања во врска со безбедноста, одбраната и надворешната политика на земјата.

„Никогаш нема да ве изневерам“, им рече денеска Зеленски на своите поддржувачи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата