Ливерпул е елиминиран од понатамошните борби во Лигата на Шампионите сезонава и може да се посвети на домашните активности. Англискиот претставник загуби од Реал Мадрид во двомечот, но според Георгионио Вајналдум, има и тоа како што позитивно да се извлече од мечевите против „Кралскиот клуб“.

 

“Овој последен натпревар ни дава надеж. Мора да ја задржиме самодовербата, да работиме и да ја завршиме сезоната на начинот на кој сакаме” – изјави играчот на Ливерпул па додаде. 

“Ние го покажавме нашиот стил на игра, ја контролиравме топката, адекватно го искористивме притисокот кон противникот и скоро се ни одеше од рака. Создадовме многу ситуации но не ги искористивме. За жал, натпреварот заврши 0-0. Сепак, повторно ќе кажам дека игравме многу добро и ова е начинот на кој треба да ги играме мечевите. Затоа, жалиме уште повеќе за резултатот на првиот натпревар, каде примивме премногу лесни голови. Во денешно време е тешко да се вратиме од таков перформанс. Особено. во Лигата на шампионите “, рече Вајналдум.

sportmedia.mk