Обвинителството бараше  притвор, Судот одредни куќен притвор за Драги Рашковски.

Рашквоски беше сослушуван со часови во Кривичниот суд во Скопје, откако бешежприведен во врска со набавката на софтверот за контрола во сообраќајот.

Освен на Рашковски, Судот му одреди куќен притвор и на Даниел Станчески, сопственикот и управител на фирмата „Инвока гроуп“ којашто го доби тендерот за софтверот. Судот својата одлука ја правда со тоа што Обвинителот не приложил докази за поткрепа на основите за сомнение поради кои се бара притвор.

-По произнесување на јавниот обвинител во однос на предлогот со кој бара определување мерка притвор заради постоење на основите од член 165 ст.1.т.1 и 2 односно (т.1) опасност од бегство со оглед да осомничените се имотни и (т.2)влијание на сведоци и попречување на истрагата, како што е наведено во предлогот, како и произнесување на осомничените воприсуство на нивните бранители, судија на претходна постапка донесерешенија со кои на осомничените им определи мерка куќен притвор како и мерка Забрана за комуникација со другите осомничени и Забрана за користење на средства за комуникација.

Имено во предлогот обвинителот не приложил докази во поткрепа на основите на сомнение заради кои се бара притвор, односно не приложил доказ дека осомничените се имотни и доказ како осомничените влијаеле или ќе влијаат на истражната постапка. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет, соопштија од Кривичниот суд.

Другите две лица за кои се бараа мерки за претпазливост дополнително ќе бидат повикани на распит во Кривичен суд и ќе се одлучува.

Обвинителството го товари Рашковски дека додека бил генерален секретар на Владата набавил софтвер за сообраќајни прекршоци. Според Обвинителството тој ја договорил набавката доставувајќи сопствен патент за кој дал насоки за изготвување на техничка спецификација за јавната набавка.