Серхио Кун Агуеро е пред заминување од тимот на Манчестер Сити каде што мина огромен дел од неговата кариера. Тоа ќе се случи на лето, а 33. годишниот фудбалер засега бира каде ќе замине. Се лицитира со неговата следна дестинација, а денешен шпански АС, лицитира со четири заинтересирани клубови. Тоа се Челзи, Барселона, ПСЖ и Јувентус.

Според истиот напис, Агуеро сеуште и тоа како си се цени самиот себеси од фудбалски аспект, и смета дека треба неговата плата да не биде помала од милион евра месечно. Тој е свесен дека ова е последниот голем договор во неговата кариера, и затоа така се однесува во моментов, вели АС.

 

sportmedia.mk