Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека Хрватска ниту формално, ниту неформално не го добила наводниот „нон-пејпер“ од словенечкиот премиер Јанез Јанша, но вели дека го видел на еден портал.

-Го видов бидејќи беше објавен на еден словенечки портал, па го прочитав, изјави Пленковиќ за хрватските медиуми.

Пленковиќ притоа додаде дека ниту една институција во Хрватска, според информациите со кои тој располага, не го добила тој документ, ниту формално, ниту неформално.

Словенечкиот портал „Нецензурирано“ ја објави содржината на наводниот „нон-пејпер“ напишан на англиски.

Станува збор, како што тврди порталот, за неслужбен дипломатски документ за поделба на Босна и Херцеговина, приклучување на Република Српска кон Србија и обединување на Косово со Албанија и носи наслов „Западен Балкан – патот напред“.