Истата ќе биде на две години и ќе биде важечка до летото 2023 година до кога според новиот договор се планира Карим Бензема да биде водечки напаѓач на тимот на Реал Мадрид.

Шпанските медиуми денеска пренесуваат дека се е договорено помеѓу двете страни за нова соработка, и дека Бензема нема никаков проблме и натаму да биде прва напаѓачка виолина на „Кралскиот клуб“. Тој е еден од најважните играчи во тимот во моментов и не случајно е во групата на фудбалери со кого клубот интензивно преговара.

Покрај него, тука се Рамос, Васкез и Модриќ, а единствен што засега не е на пат да го продолжи договорот поради несогласувања околу должината на истиот е Серхио Рамос.

 

 

sportmedia.mk