Пол Погба и Жозе Мурињо не се во добри односи. Тоа го знае целиот свет, а датира од времето кога Мурињо беше на клупата на Јунајтед. Во директниот конфликт со Погба, Мурињо реши да го отповика французинот од функцијата заменик капитен и со тоа да направи сериозен преседан во екипата. Директно да удри на еден од најдобрите играчи, кои потоа речиси и да не доби никаква минутажа под водство на „Специјалниот“.

„Еден ден има одличен однос со него, тоа сите го видоа. А веќе следниот ден немате претстава што се случи. Тоа е чудна работа која се случува со него и односите со луѓето. И тоа не можам да го објаснам. Причините зошто го стори тоа не можам да ви ги образложам зошто не ги знам“ – изјави Погба во интервју за Скај Спортс.

„Односот кој Солскјер го има со играчите е тотално поинаков. Тој никогаш не би тргнал против играч.  Можеби Оле нема да одбере некој играч за натпревар но нема истиот да го отфрли, да го тргне сосема на страна, како да тој не постои. Тоа е разликата помеѓу Мурињо и Солскјер“ – додава Погба.

 

sportmedia.mk