Иако минаа два дена од мечот со Работнички во рамките на 27.коло, во кој одиграа 1:1 и се чини ги загубија шансите за излез во Европа, во таборот на Струга Трим Лум се уште се гневни на судијата Марјан Гоцевски кој се чини дека требаше да покаже најмалку еден пенал за домашниот тим.

По тој повод клубот на својата официјална ФБ страна искочи со соопштение:

Денеска и официјално нашиот клуб реагира до надлежните за неправдите што ни ги нанесе судијата Марјан Гоцевски на последниот пренствен меч со Работнички. Ние како клуб сметаме дека неговото судење на еден вака важен меч беше срамен и пристрасен. На видеозаписот може да се видат 3 моменти по кои тој досуди пенали за нас. И покрај сето ова, ние продолжуваме со кренати глави кон следните победи“ се вели во реакцијата.

sportmedia.mk