На денешната седница на Кризниот штаб беше усвоена иницијативата на Здружението за туризам на Српската стопанска комора за намалување на цената за ПЦР-тест на странски туристи, соопшти денеска Српската стопанска комора (ПКС).

„Ова ќе придонесе за зголемување на бројот на пристигнувања на странски туристи за време на претстојните велигденски празници и најавени групи гости од арапските земји во текот на пролетта“, рече секретарот на Здружението за туризам на ПКС, Тијана Маjковиќ.

Цената на ПЦР за странски државјани во Србија е 18.000 динари (околу 9.280 денари).

makfax.com.mk