Иако не блеска како во некое минато време, кога победуваше со по 3-4 голови разлика во серија, иако искрено нема така квалитетен и звучен тим како до пред година – две, сепак Шкендија сезонава ќе биде шампион на Македонија. Да, ќе биде зошто на 6 клола до крајот има +13 во однос на вториот Шкупи, значи реално и се потребни само 5-6 бода, под услов чаирчани се да победуваат по ред. А тоа јасно е дека е тешко остварливо. Уште повеќе, Шкендија уште во недела може да стави печат на својата четврта титула во историјата.

Инаку тетовци можат да урнат еден свој рекорд, а тоа е најмалку порази во една сезона, и како шампион, но и како тим кој на крајот не бил првак во ПМФЛ.

Имено Шкендија во изминатите 27 кола има 18 победи, 8 ремија и само еден пораз, оној од Пелистер во Тетово во последното есенско коло.

Кога била Шкендија шампион во 2010/211 имала три порази, во сезоната 2017/2018 исто три порази но и +35 бодови пред Вардар, и во 2018/2019 била поразена во пет наврати.

Значи “дозволено“ им е на момците на тренерот Ернест Ѓока во наредните шест кола само еден пораз, но со оглед во каква форма играат пролетва, прашањето е кој е тој јунак кој ќе слави против новиот шампион.

sportmedia.mk