Најдобрите два тима од годинашниот дел од машкиот шампионат на домашната одбојкарска сцена, Џио Струмица и Универзитет во Тетово, попладнево ја почнуваат битката во големото финале.  Финалната серија тргнува од Тетово, каде Универзитет во Тетово ќе се обиде да израмни на 1:1 во победи, откако Џио Струмица влезе со предност од 1-0 во победи во финалната серија поради меѓусебниот скор во шампионатот.

Со оглед на тоа што финалната серија се игра до три победи, тоа значи дека ова финале ќе донесе најмалку две, а најмногу четири средби. Фаворитската улога ја задржуваат одбојкарите н Џио Струмица, кои оваа сезона на домашната сцена ја потврдија доминацијата освојувајќи го и куп-пехарот.

Првиот финален меч во Тетово ќе започне од 18 часот во СС Млади – Универзитет Тетово.

sportmedia.mk