Францускиот претседател, Емануел Макрон, пред градоначалниците на француските градови изјави дека епидемијата најверојатно ќе се интензивира во следните осум-десет дена, така што врвот на пандемискиот бран би можел да се случи помеѓу 25 и 30 април, а најмногу хоспитализации би можело да има од денес до крајот на месецот.

Владин портпарол денеска соопшти дека градинките и основните училишта во Франција ќе се отворат, како што беше планирано, на 26 април, а средните училишта ќе почнат со работа на 3 мај, пренесе „Гардијан“.

makfax.com.mk