Македонски судија ќе го суди грчкото дерби помеѓу ПАОК и Олимпијакос, кое се игра во недела во Солун. Станува збор за нашиот најдобар судија Александар Ставрев кој на бараање на грчката федерација, ќе ја дели правдата на овој натпревар.

Претходно овој дуел го судеше германскиот арбитар Феликс Брих.

Олимпијакос е веќе промовиран во првак на Грција, а на овој натпревар секогаш имало тензии, притисок на судиите како пред, така и после натпреварот.

Помошници на Ставрев ќе му бидат Костадинов и Петрески.

sportmedia.mk