Иако сеуште трае сезоната, големите клубови од типот на Арсенал уште отсега си имаат свои планови, и работата на истите, за летниот преоден рок. Информација од Островот во која се вели дека Арсенал во јуни ќе се раздели со својот искусен стопер, Давид Луиз (33). На Бразилецот ова лето му истекува договорот со тимот од „Емирејтс“ а Арсенал нема намера да му го продолжи, поточно да му понуди нов.

Луиз сезонава забележа 16 настапи како стартер и не одигра така лошо, но сепак тешката повреда го отстрани од екипата, имено поради операција на коленото за него заврши сезонава. Колку за потсетување, Давид Луиз пред да дојде во Арсенал играше и за Бенфика, Челзи и ПСЖ.

sportmedia.mk