Нов проблем за Баерн Минхен. Имено Џошуа Кимих, еден од најдобрите играчи за врска во светот и еден од клучните играчи на “баварците“, според пишувањето на “Билд“, барал или имал намера да побара драстично зголемување на платата.

Дали е на повидок нов случај “Алаба“ во таборот на светскиот гигант. Колку за потсетување Давид Алаба бараше да има најголема плата во тимот за да остане, но Баерн не се сложи и сега Австриецот најверојатно како слободен играч ќе потпише за Реал Мадрид.

Кимих деновиве ја сменил менаџерската агенција, и не крие дека посакува од Баерн Минхен во најмала рака плата како онаа на Левандовски, некаде околу 1,7 милиони евра месечно. Нешто помалку земаат Милер и Ноер, а повеќе од Кимих во моментов платени се и Сане и Лукас Хернандез.

Па така Кимих, кој е репрезентативец на Германија, со право бара подобри услови.

Инаку неговиот актуелен договор со “баварците“ му трае до 2023 година.

sportmedia.mk