Како што дознава СПОРТМЕДИА, впрочем тоа и го најавивме пред неколку дена, денеска треба има официјална потврда дека нов шеф на струшниот штаб на Шкупи е Гоце Седлоски. Тој во недела во Велес на мечот со Борец треба го има своето деби како стратег на чаирскиот тим. Инаку вчера требаше да има потврда од страна на Шкупи дека имаат нов тренер, но поради смрта на Гоце Груевски, големиот пријател на Седлоски, но и екс голман на Шкупи, беше одложена таа официјална потврда.

Со ова Шкупи добива навистина големо и квалитетно тренерско име. Седлоски е шампионски стратег, од времето кога со Вардар беше непобедлив во ПМФЛ.

Сега со овој потег Шкупи става до знаење дека во наредната сезона, овој тим ќе биде еден од најсериозните кандидати за титулата. Чаирчани не кријат дека по цели две децении сакаат да го вратат пехарот во своите витрини.

sportmedia.mk