Коронавирусот и натаму прави проблеми во спортот, не бира време. Дел од екипите оваа сезона не го покажаа најдоброто токму поради пандемијата, дел се соочуваат со проблеми пред важните битки.

Фенербахче е еден од тимовите кои поради Ковид-19 може да биде ослабен на првиот плеј-оф меч во Евролигата. Во таборот на турскиот клуб петмина играчи се позитивни на коронавирус и тоа пред првата средба против ЦСКА која е закажана во среда.

Засега не се откриваат имињата на кошаркарите, кои се изолирани. Ова е голем проблем бидејќи на првите тестирања во среда позитивни биле тројца играчи, сега бројката се зголеми на нови двајца.

Од Фенербахче се плашат ситуацијата да не стане полоша, бидејќи Евролига нема мислост, доколку еден тим во составот нема најмалку осум играчи, мечот ќе биде заведен со службен пораз од 20:0.

ФОТО: euroleague.net

sportmedia.mk