Дојде пред речиси 11 години на “Максимир“ и стана икона на најголемиот клуб на овие простори. ЛАВОТ Аријан Адеми, капитенот на Динамо Загреб од меч во меч, од сезона во сезона, од година во година урива рекорди. Не знае за доста, не знае за неуспех. Еве на пример синоќа на гостувањето од 1/4 финалето во Лигата на Европа, кај Виљареал, Адеми го одигра дури 84. меч во Европа за својот клуб, и го остави далеку зад себе Самир кој е втор на листата со 76 настапи. Никој пред нашиот репрезентативец не одиграл толку мечеви во Европа, и никој друг капитен на Динамо во неговата историја не го однел клубот од “Максимир“ толку далеку во Европа, на чекор од полуфиналето во Лигата на Европа. Се разбира дека тука не го сметаме освојувањето на Купот на Саемските градови пред повеќе од пет децении.

Едноставно Адеми е ИКОНА на Динамо. Вчера и покрај тоа што беше повреден, и покрај тоа што неговиот тим беше елиминиран, Адеми блескаше.

Вообичаено за него, без разлика дали игра за “модриот“ дрес на Динамо или за црвениот дрес на Македонија.

sportmedia.mk