Претседателот на Единствена Србија Драган Марковиќ Палма решил да им се одолжи на здравствените работници кои повеќе од една година водат борба со корона вирус, носејќи ги во Египет каде што ќе престојуваат до 17 април.

Во таа група е и пејачот Џани, кој ќе ги забавува во Хургади, како што рекол без хонорар, но некои коментари зборуваат сосема спротивно…

– Велат дека Џани земал пари за да пее кај нас, но тоа не е точно. Храната во Хургади е многу добра, во понудата имаме и по 25 јадења, па ако тоа на некому не му е доволно, најдобро е да оди и да јаде мекица во Србија. Оваа дестинација е исклучива, сопственикот на хотелот е мој пријател кој ни даде доста поволни цени. Ова го платија донатори кои нема да ги откријам.

Обезбедив на почеток на јуни да ги водам и во Грција. Ќе одат и придружни лица, бидејќи и тие луѓе работат цело време. Короната не бира струка со која се занимавате. Моето семејство и јас се вакциниравме, сакам да ги посоветувам и другите да го направат. Короната е опасна болест со која ќе треба долго да се бориме – рекол Драган Марковиќ Палма.