Откако завчера Кире Ристевски со својот Ујпешт се пласираше во големото Куп финале на Унгарија, вчера и Висар Муслиу, неговиот репрезентативен колега од одбраната го стори истото. Висар и неговиот МОЛ Фехервар во меч од полуфиналето го победија МТК на Бојан Миовски со 2:1 и со тоа си закажаа супер пресметка на 3 мај против Ујпешт.

Вчера Муслиу ги одигра сите 90 минути за МОЛ Фехервар, додека Миовски кај МТК влезе во игра во 74.минута.

Секако дека со нетрпение ќе го чекаме 3 мај и “македонското“ куп финале во Унгарија.

Висар против Кире.

sportmedia.mk