Динамо Загреб за кого настапуваат македонските репрезентативци, Аријан  Адеми и Стефан Ристовски, не успеа да се пласира во полуфиналето во Европската лига, беше елиминиран од Виљареал со вкупно 3-1.

По реваншот во Шпанија, кој заврши со 2-1, победата на противникот прв ја честиташе Адеми, кој со своите соиграчи ќе се насочат кон двојната титулата во Хрватска.

„Честитики до Виљареал, беа подобри и заслужено победија. Имавме добри шанси, но тие беа подобри. Ја искористија нашата збунетост и лошото превземање на фудбалерите, овој тим тоа не го простува. Направивме голема работа за хрватскиот фудбал, честитики за сите играчи. Нам ни останува да го освоиме првенството и Купот“, изјави Адеми.

sportmedia.mk