Филтрите и Фотошоп се нешто од што Дара Бубамара никако не може да се откаже па не е изненадувачки што нејзините нови фотографии привлекоа големо внимание поради тоа.

Имено, Дара со своето момче се возеа низ пустина, па сакаше да се пофали пред фановите.

Позираше во кратки кратки панталони, со едната нога испружена, а делот околу коленото боде очи.

Очигледно е дека е искривен, но не е јасно како пејачката успеала да го стори тоа или барем не видела дека нешто не е во ред со тој дел.

„Жено, што направи со ногата?“, „Навистина претеруваш“, „Ајде престани со фотошопирање на сликите, те молам“, „Ја искривив пустината“, се само некои од многуте коментари.