Марио Станковски е движечката сила на нападот на Работнички во последните неколку кола. Голови, асистенции, но најбитно бодови за неговиот тим.Триумф против Борец и Пелистер, а ете сега и реми на гостувањето кај Струга Трим Љум.

„Тоа што јас постигнував голови на последните мечеви, не ќе имаше голема корист ако Работнички не освојуваше бодови. Тоа е најважното секако. Колективот мора да е пред индивидуалниот учинок.  Погодив против Пелистер, ете сега и против Струга Трим Љум. Тоа е добро за мене, но уште подобро за Работнички. Ги собираме потребните бодови од овој дел од шампионатот, ја исполнуваме што се вели нашата цел. Играме добро, офанзивно, тоа ни одговара на сите. Она што е најбитно е да одиме чекор по чекор“ – вели Станковски, и додава.

„Сега ни следува мечот против Македонија ЃП на домашен терен. Уште една можност да се стигне до бодови, до уште еден позитивен резултат. Ние сме Работнички и мора така да биде. Да одиме на победа на секој меч да бидеме конкурентни, и на самиот врв на табелата. Се друго за нас е неуспех и како клуб колективно, но и како играчи индивидуално“ – додава популарниот Гама.

sportmedia.mk