Кинескиот виролог Гао Фу неодамна изјави сомнежи за ефикасноста на киенските вакцини, а сега вели дека неговите изјави се погрешно разбрани.

Тој даде изјава на конференција во Ченгду дека кинеските вакцини „не постигнуваат многу високо ниво на заштита“ која привлече големо внимание, но потоа ја релативизираше својата изјава.

Неговата намера била да се зголеми постојната ефикасност уште повеќе, пишува Дојче веле, додавајќи дека кинескиот виролог презентирал „научна визија“ на експертска конференција.

Аргументот на Фу е во согласност со досега познатото за ефикасноста на четири вакцини, чија употреба досега беше одобрена во Кина, а кои, како што пишува ДВ, се многу ефикасни.

Трите вакцини, од кои две се произведени од Синофарм и една од Синовак, се класични „мртви вакцини“ кои користат мртви (неактивни) вирусни протеини.

Така, тие се засноваат на традиционалната технологија што се користи, на пример за вакцини против хепатитис Б или грип.

Вакцината „Веро“ на Синофарм во третата фаза од студијата спроведена во десет земји низ светот, покажа ефикасност од 79 проценти, а Обединетите Арапски Емирати достигнаа дури 86 проценти во посебна студија.

Според прелиминарните студии во Бразил и Индонезија, ефикасноста на „КоронаВак“ на компанијата Синовак е помеѓу 50 и 78 проценти.

Четвртата кинеска вакцина на КанСино е векторска вакцина заснована на аденовирус тип 5, што значи дека принципот на дејство на вакцината може да се спореди со дејството на АстраЗенека. Треба да се постигне ефикасност од 65 проценти

Во основа, ефикасноста е над 80 проценти ако се земе предвид само тешкиот тек на болеста што бара хоспитализација.

ДВ исто така наведува дека идејата за комбинирање на вакцините, со цел да се зголеми нивната ефикасност, во принцип не е нова и дека научниците во моментов дискутираат за слични пристапи за векторската вакцина АстраЗенека.

Руската вакцина Спутник V, исто така, се состои, во суштина, од две вакцини со различни векторски вакцини засновани на различни аденовируси.

Научниците кои ја развиле оваа вакцина очекуваат поголема ефикасност.

Според ДВ, Кина практично не е во состојба да ја тестира ефикасноста на своите вакцини во земјата, бидејќи има многу малку инфекции поради строгите мерки. Затоа, истражувањето се потпира на студии спроведени во сериозно погодени земји, како што е Бразил.