До 17 часот најголема излезност во Скопје на првиот круг од претседателските избори има во општините Карпош и Центар, по 43% избирачи кои го оствариле своето уставно право да гласаат.
Од 53815 запишани гласачи во Карпош излегле на гласање 23.393 избирачи.
Во Аеродром, пак, од вкуно 66185 граѓани со право на глас, на гласачките места своето право го оствариле 27148 лица.
Осетно најмала е излезноста е во средините со главно албански гласачи. Најмногу избирачи од албанска етничка припадност излегле да гласаат во Чаир, 24%.
Во Студеничани излегле на гласање само 15% од гласачите. Во Студеничани едно избирачко место не беше отворено денска.
Од 15704 жители со право на глас, во Студеничани излегле само 2343 гласачи.
Излезност во скопските општини
Карпош 43%
Центар 43%
Кисела Вода 41%
Аердором 41%
Ѓорче Петров 39%
Илинден 37%
Сопиште 36%
Петровец 35%
Зелениково 35%
Гази Баба 34%
Бутел 34%
Чучер-Сандево 25%
Чаир 24%
Арачиново 19%
Шуто Оризари 17%
Сарај 16%
Студеничани 15%