Одличен натпревар одиграа Бутел Скопје и Металург во рамките на шестото коло во плеј-офот. На крајот оваа средба заврши без победник (23-23), благодарение на Даниел Дупјачанец, кој спречи противникот да реализира за радост. На крајот искусниот голман запиша 13 одбрани.

„Бутелци“ добри влегоа во мечот, поведоа со 4-1 и 5-2. Гостите брзо се вратија, израмнија на 6-6, а на средината на првото полувреме за првпат поведоа (7-8). Добрата игра во одбраната, но и одличниот Дупјачанец им донесе и позитива од два гола (9-11 и 10-12), на одморот беше 11-12.

Неизвесноста продолжи и во вториот дел, Металург одржуваше позитива од два гола (11-13, 19-17). Во 45. минута домаќинот успеа да израмни на 19-19, успеа да се снајде во хаосот, дојде на плус два 23-21. Бутел велзе во криза, Металург израмни на 23-23, но не искористи два напади за водство. Две одбрани во низа имаше Дупјачанец. Останаа 11 секунди за „бутелци“, Дупјачанец не дозволи победа на противникот.

СТРУГА ПРОМАШИ ПЕНАЛ ЗА ПОБЕДА

Струга и Охрид по подолго време одиграа неизвесен натпревар. Езерското дерби заврши без победник (17-17), со тоа што домаќинот во финишот преку Николоќ не успеа да реализира пенал за триумф, на крајот мораше да се задоволи со еден бод. Изедначено беше и во првото полувреме (8-8), најголемата предност за гостинскиот тим беше два гола (6-7), додека пак другата страна стружани немаа поголема од еден гол.

Ракочија постигна пет гола кај Струга, исто толку погодоци имаа Блажески и Тот.

sportmedia.mk