Според денешниот број на тиражниот француски Л‘Екип, бразилецот Нејмар нема да си замине од Париз, туку напротив ќе потпише нов долгорочен договор со ПСЖ.

И покрај речиси секојдневните написи дека тој е незадоволен во клубот, и дека е пред кам -бек во Барселона, денешниот напис го тврди токму спротивното. Дека Нејмар ќе потпише нов договор и тоа со траење од шест години и дека ќе остане во Париз речиси до крајот на кариерата.

Клубот според пишувањата ќе ја објави веста пред полуфиналниот двомеч од Лигата на Шапионите против тимот на Манчестер Сити.

 

sportmedia.mk