На Мастерс турнирот во Монте Карло се случи најголемата можна сензација. Испадна првиот носител Новак Ѓоковиќ кој предмалку во рамките од 1/8 финалето е поразен од 33. играч на светот, британецот Даниел Еванс со 2:0 по сетови, 6:4 и 7:5.

Ова секако дека е своевиден шок за сите, со оглед на фактот што Ѓоковиќ досега со леснотија ги минуваше противниците на овој турнир и ништо не наговесуваше ваков развој на настаните.

Ова е за Ѓоковиќ првиот пораз сезонава, а неговиот следен настап ќе биде на турнирот во Белград.

Еванс пак во четвртфиналето ќе се сретне со Гофин.

sportmedia.mk