Нападнат лидерот на главната опозициска партија во Турција

21.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нападнат лидерот на главната опозициска партија во Турција

Лидерот на главната опозициска Републиканска народна партија во Турција е нападнат додека присуствувал на погребот на војник, кој загинал во борбите против припадниците на забранетата Курдска работничка партија (ПКК).

На видео снимки се гледа како Кемал Киличдароглу е удрен најмалку двапати, а обезбедувањето се обидува да го извлече од насобраниот народ.

Тој успеал да го напушти местото и да влезе во најблиската куќа. Гневните граѓани потоа се собрале пред куќата извикувајќи „Надвор ПКК“.

„Сите се исплашивме поради инцидентот. Кемал Киличдароглу е добро. Однесен е на безбедно“, истакна републиканскиот пратеник Левент Гок за „Хабертурк ТВ“.

Републиканската народна партија победи на изборите во Анкара и Истанбул.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата