Завршија првите 45 минути од реванш четвртфиналните дуели од ЛШ помеѓу Борусија Дортмунд и Манчестер Сити односно Ливерпул и Реал Мадрид.
На „Енфилд“ Ливерпул е многу подобар ривал меѓутоа му недостасува завршниот момент, да ја затресе мрежата на противникот. Мо Салах имаше прекрасна шанса уште во 120-тата секунда но не успеа, потоа „Црвените“ имаа уште неколку шанси но без успех. А да потсетиме бркаат негатива од 1:3.
Борусија Дортмунд води со 1:0 против Манчестер Сити и има реални шанси да пројде понатаму затоа што на првиот дуел изгуби со 1:2. Вечерва Џад Белингем ја затресе мрежата на „Граѓаните“ и ја донесе предноста на „милионерите“. Со овој резултат Германците се во полуфинале.


sportmedia.mk