Бугарскиот премиер и лидерот на партијата ГЕРБ Бојко Борисов објави дека нема да биде мандатар за својата партија за функцијата шефот на следната бугарска влада.

Во исто време тој одби да каже кој ќе биде соодветен кандидат за ГЕРБ. Според Борисов, името на кандидатот ќе биде откриено откако владејачката партија ќе добие мандат за формирање на влада.

– Јас нема да бидам мандатар. Многумина веруваат дека треба да бидам премиер, но мислам дека силата е во обединување. Ќе предлагаме  европски ориентиран премиер – вели Бојко Борисов.

Владејачката партија ГЕРБ освои 26,14 отсто од гласовите, новата опозициска партија “Има таков народ” – 17,73 отсто од гласовите, Бугарската социјалистичка партија – 15,02 отсто од гласовите, “Движење за право и слобода” – 10,34 отсто од гласовите итн.