Несекојдневна сообраќајна несреќа се случи утрово во Умчари, на периферијата на Белград – автомобил излета од патот и удри во куќа, но така што буквално вертикално се „залепи“ на ѕидот од куќата!

За среќа, возачот, кој воедно бил и единствениот сопатник, бил полесно повреден и бил згрижен во Службата за итни случаи во Гроцка.

Оваа фотографија се појави и на социјалните мрежи и веднаш стана вирална, а она што сите се прашуваат е: како успеа, а некои го нарекоа вертикално паркирање.

Стефан Милојевиќ од службата за информирање на општина Гроцка, на чија територија се наоѓа Умчари, вели дека оваа несреќа се случила утрово, помеѓу 10 и 11 часот и  е резултат на неприлагодена брзина и лизгав пат.

Колку и да е сама по себе невообичаена оваа несреќа, во Умчари велат дека на ова место често се случуваат несреќи.

Додуша, не на овој начин, како утрово, но тоа место е црната дамка на Гроцка.

– Има сообраќајна несреќа најмалку еднаш месечно – вели Милојевиќ за „Блиц“.