Германската држава, провинции и општини ќе позајмат 650 милијарди евра во борбата против коронавирусот, се вели во студијата на Институтот за германска економија (IW).

„ Во зависност од тоа што ќе се случи во следните недели и месеци, тој број може да биде уште поголем“, рече директорот на Институтот, Мајкл Хатер.

Експертите сметаат дека брзото намалување на задолженоста треба да се напушти и дека е подобро да се остави повеќе простор за институцијата да дејствува во однос на потребните инвестиции.

makfax.com.mk