Осма експлозија ја стресе Шри Ланка, над 180 мртви

21.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Осма експлозија ја стресе Шри Ланка, над 180 мртви

Осма експлозија одекна во Шри Ланка, јави „АФП“. Експлозијата се случила само половина час откако експлозивна направа била активирана покрај зоолошката градина.

Владата во Шри Ланка воведе полициска час од 18 до 6 часот, додека следните два дена ќе бидат неработни.

Од утрово, на денот кога Католичката црква го празнува Велинден, ширум Шри Ланка одекнаа вкупно осум експлозии. Мета се луксузни хотели и цркви. Во седмиот напад, загинаа две лица, а повеќето се повредени.

Фукнкционер кој не сакаше да биде именуван, се сомнева дека две експлозии се дело на бомбаш самоубиец, јави „АП“.

Еврпоските лидери изразија шок поради нападите во Шри Ланка. Во серијата напади, според прелиминарните податоци загинаа најмалку 185 лица, додека повеќе од 500 се повредени. Само во една црква загинаа над 50 лица, изјавија полициските службеници.

Полицијата јави дека во нападите животот го загубиле и 35 странски државјани, од САД, Холандија, Велика Британија и други.

Претседателот на Шри Ланка, Маитрипала Сирисена во обраќањето кон нацијата, повика на смиреност, но и за претпазливост.

Една од погодените цркви, црквата Св. Себастијан во Негомб, северно од Коломбо, објави фотографии од опустошувањето на внатрешноста на црквата на нејзината страница на Фејсбук, каде што се гледа крв на клупите и подот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата