Жена од Њу Џерси во ’секнд хенд’ продавница си купила старо, ама мошне добро сочувано палто. Откао го пробала, сфатила дека одлично и стои, па без многу размислување го купила.

Но кога дошла дома и детално го разгледала во еден од џебовите нашла порака во која пишувало: „Закопајте ме во ова црвено палто.“

– Не знаев што да мислам. Почнав да плачам. Се прашував дали жената починала, па нејзините роднини го продале палтото не исполнувајќи и ја последната желба или, пак, сакала јас како нов купувач да бидам закопана во него, напишала жената на Фејсбук, а веста ја пренесува Мирор.