Возачот што ги прегази полицајците бил пијан

21.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Возачот што ги прегази полицајците бил пијан

Основното јавно обвинителство Куманово ја расчистува сообраќајната несреќа во која животот го загуби полициски службеник. Надлежен јавен обвинител заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи извршил увид на местото каде се случи тешката сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице, а неколкумина се повредени.

Патничко моторно возило управувано од осомничениот, жител на Куманово кој бил видно под дејство на алкохол, удрило во двајца полициски службеници. Од тежината на повредите на лице место еден од полициските службеници починал. Возачот потоа продолжувајќи со управувањето со возилото удрил во друго патничко моторно возило во кое биле три лица и на сите им нанел телесни повреди. Возилото продолжило со движење, но од брзината и ударите се превртело, при што и возачот се здобил со телесни повреди. Сите повредени лица се згрижени во медицинска установа и им се укажува помош.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата