Грција најверојатно ќе ги отвори рестораните по Велигден, ова го изјави министерот за развој и инвестиции Адонис Георгијадис во интервју за телевизијата Скај.

– Рестораните ќе се отворат, можеби дури и пред туристичката сезона. Верувам дека рестораните ќе можат да се отворат по Велигден ако состојбата со пандемијата непречено се подобри, рече Георгијадис, а пренесува грчката агенција АНА.

Сепак, министерот потенцира дека само градините во рестораните ќе бидат отворени за гости.