ТРАГИЧЕН ВЕЛИГДЕН, во црквите и хотелите во Шри Ланка досега загинаа речиси 200 луѓе

21.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ТРАГИЧЕН ВЕЛИГДЕН, во црквите и хотелите во Шри Ланка досега загинаа речиси 200 луѓе

Сериски терористики акт концентриран со поставување експлозив во три католички цркви за време на велигденската ноќ  и четири хотели во кои престојуваат претежно странци не запира.

И осма експлозија се случи претпладнево во Шри Ланка. Бројот на загинати, заедно со оние од седумте напади од претходно на три цркви, три хотели и едно предградие, се искачи на над 180, а бројот на повредени е над 560, објавија агенциите.

Си-Ен-Ен објави дека според повеќе извори, седмата експлозија била во едно предградие на главниот град Коломбо, а на местото каде се случила осмата експлозија имало и голем пожар.

Во Шри Ланка е во тек полициска час.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата