Песната која после неколку самоубиства, Тито ја забранил се вика „Белите дробови ми се болни“ и се смета за една од најтаните кога било напишани на нашите простори.

Автор на песната е Драгиша Недовиќ, кој е автор на повеќе познати песни како „Стани, стани Ибар водо“, во 1941 бил на чекор до смртта кога бил одведен на стрелање. Се спасил во последен момент, а крајот на Втората светска војна го дочекал во логор.  Во 1950 година заболел од туберкулоза и всушност тогаш и ја напишал песната.

Прв ја отпеал Заим Имамовиќ, а откако бил забележан голем број самоубиства зашто делувала прилично сугстивно врз слушателите, ЦК и Тито решиле плочата да се повлече од продажба и да се забрани нејзината изведба. Дури 10 години подоцна кога во една прилика Јованка Броз, за која едно време се зборувало дека боледувала од оваа болест, на една прослава ја нарачала песната, забрната била тргната.

Недовиќ, иако се излекувал од туберкулоза, го стигнале проблеми со срцето. Па како последица на срцев уар умрел во 1966 кога имал 49 години. Зад себе ги оставил синот Александар, ќерката Рада и околу 800 песни.