На социјалните мрежи се споделуваат објави на туристички агенции од Турција ои наводно организираат тури за вакцинација во Србија.

Покрај тоа што им се ветува вакцинација, се бира и точна вакцина, па најчесто тоа се Фајзер и Модерна, која не е ни пристигната во Србија, што укажува на измама.

Дека станува збор за измама потврдија и од Србија.

Не е можно да се закажат вакцинации во Србија преку која било странска или домашна туристичка агенција, вели директорот на Канцеларијата за ИТ и е-управа на Србија, Михаило Јовановиќ.

Тој предупредува дека станува збор за измама преку Интернет.

„Она што се појави на Интернет и на некои социјални мрежи, очигледно е интернет измама на која никој не треба да паѓа, особено странските граѓани“, изјави Јовановиќ за РТС.

Тој спомена дека е познато дека единствениот начин да се аплицира за вакцинација е преку порталот за е-Управа.

„Од првиот ден, дозволивме таа можност да важи и за странски државјани. Ќе дојде нивниот ред кога нашите граѓани кои се во фокусот ќе ја завршат вакцинацијата“, рече Јовановиќ.