На рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој од 31-ви март штрајкува со глад во затвор, му се заканува принудно хранење, било објавено денеска на неговиот профил на Твитер.

“Тежок е 77 килограми”, се наведува во објавата на Твитер и потсетува дека Навални од почетокот на штрајкот изгубил осум килограми.

Имајќи ја во предвид сериозноста на штрајкот со глад, управата секојдневно му се заканува дека ќе го храни на сила, се додава во твитот.

Принудното хранење на затвореници во Русија е дозволено со закон, а активистите за човекови права таквиот третман го сметаат за облик на мачење.

Навални, кој е осуден на две и пол години затвор, штрајкува со глад поради условите во затворот Покров, кој се наоѓа на 100 километри од Москва.

Тој ги обвинува властите дека му го ускраатуваат лечењето на проблемот со грбот, поради што сега има проблеми и со рацете и нозете.

Навални навел дека во затвор го мачат и со ускратување на сонот, бидејќи чуварите го будат во текот на ноќа.

Руските власти ги отфрлаат овие обвиненија и наведуваат дека Навални ја има потребната лекарска нега.