Во далечната 1972 година, британската кралица и нејзиниот сопруг, војводата од Единбург кој во петокот почина, ја посетиле поранешна Југославија.

Нивни домаќин на посетата бил претседателот на тогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ), Јосип Броз Тито, а оваа посета била една од првите посети на една комунистичка земја на истокот од Европа.

Тито за нив приредил вистински спектакуларен дочек. Во склоп на манифестацијата организирана по повод доаѓањето на кралскиот пар во Белград, била вклучена и посета на Авала и споменикот на Непознатиот јунак, за што сведочат снимките кои што биле направени во текот на шетањето на делегацијата на Обединетото Кралство во паркот каде што се наоѓа популарното спомен-обележје.

Инаку, тоа била првата кралска посета на една комунистичка земја на истокот од Европа поради што наишле на критики на некои од западните медиуми.

Парот тогаш во Белград поминал два дена, а потоа во склоп на таа тура по Југославија ги посетил и Дубровник и Загреб.

Во текот на престојувањето во главниот град на СФРЈ, принцот Филип бил одликуван со орден на југословенска голема ѕвезда, највисокото одликување на тогашна СФРЈ.