Хрватска и 12 земји членки на Европската Унија постигнаа договор околу критериумите за издавање на ткн. ковид-пасоши, со што навреме би се олеснил протокот на туристи, соопштено е денеска во Виена.

„Наша цел „зелениот пасош“ брзо, и по можност, во единствен облик да се применува на ниво на ЕУ“, рече австриската министерка за туризам Елизабет Кестингер во разговор со АПА.

Прашање на опстанок на европскиот туризам

Таа рече дека се работи за „прашање на опстанок на европскиот туризам“.

Хрватска, Австрија, Кипар, Данска, Франција, Германија, Грција, Италија, Малта, Португалија, Словенија и Шпанија уште кон крајот на март се договорија за седум критериуми за издавање на „зелен пасош“, кој треба да се најде со примена најдоцна до почетокот на јуни.

„Зелениот пасош преку QR-код веднаш дава информација за тоа дали носителот е вакциниран, тестиран или прележан од корона вирус. Со тоа е овозможена едноставна и практична примена на подрачјето на ЕУ. Од чек-ин на аеродромите до посета на селска гостилница“, вели австриската министерка.

Таа нагласи дека во секој случаи сакаат да се избегне тој вид документација да се третира како присила за вакцинирање.

Осетливите здравствени податоци на носотелот на ковид-пасош би останувале во земјата на потекло и не би се складирале централно на ниво на ЕУ.

Понатамошна цел е и ускладување на примената на ковид-пасоши со трети земји.

Листата критуериуми е предадена на контрола во Европската комисија, која во следните денови треба да донесе одлука за примена.