-На новогодишната ноќ воздивнав и си реков “Едноставно не знам” а мојот вереник Константин за кој мислев дека спие ја крена главата и ме праша за што размислувам. Фатена на дело, бев искрена и му реков дека се прашувам дали некогаш ќе бидам подобра, вака Ана Валас ја започнува својата исповед.

Впрочем, коронавирусот во домот на Ана “влегол” во март минатата година и една година подоцна едноставно не сака да си замине.

Тогаш, нејзината 16 годишна ќерка Моли започнала да кашла, а до 17 март се појавиле и други симптоми. За среќа, Моли оздравела за три недели, но нејзината мајка се уште e болна.

-Особено тежок ден за мене беше 1ви јануари 2021 – болката во мускулите и зглобовите која ескалираше минатото лето достигна ниво на агонија. Имав и тахикардија, отежнато дишење, дигестивни проблеми, мигрена, замор…Колку и денот да е лош, свесна сум дека ноќите се потешки. Така е откако го запознав коронавирусот. Кога си легнувам навечер, најпрвин слушам зуење во ушите, па потоа пулсирање на рацете од болка, а спијам во епизоди. Секогаш легнувам и се будам со мигрена, додава Ана за “Hafpost”.

Впрочем, таа боледува од Ковид-19 речиси една година. А на прашањето како ја преживува оваа агонија одговара со два збора – голем оптимизам.

-Знам дека не сум сама. Нова студија откри дека има голем број на луѓе кои имаат продолжени симптоми на коронавирус. Страшно е да страдате од болест која се уште не е темелно истражена. Јас имав преку 100 симптоми – почнувајќи со притисок во градите, трнење на рацете и нозете, болки во мускулите и зглобовите, замаглен вид, замор, тахикардии…А имам и несоница, а кога ќе заспијам сонувам кошмари, додава таа.

Станувањето од кревет, туширањето и облекувањето за неа се долг процес кој често завршува со несвестица. До попладне на Ана и е потребна уште една дремка, а ретко има енергија да учествува во подготвувањето на вечерата.

-Иако мојот живот веќе не е во опасност, се чини дека вирусот беснее по моето тело и не планира да запре. Кога се заразив минатиот март, никогаш не сонував дека ќе бидам болна една година. Благодарна сум му на Бога што сум уште тука, но се повеќе се грижам дека ќе имам трајни последици од вирусот. Ја осеќам посветеноста на моите доктори кои постојано се грижат за мене и сакам да им се заблагодарам. Благодарение на нив имам кислородна боца и телефонска линија на која можам во било кое време да им свртам, додава Ана.

Во месец мај 2020та година, нејзиниот пулмолог ја упатил на рехабилитација односно на програма предводена од тим доктори кои го испитуваат нејзиниот продолжен Ковид.

-Внимателно ги слушаат моите приказни, а се консултираат и со специјалисти за да развијат индивидуални протоколи за мојата рехабилитација. Минатата година ја живеев во болка и неизвесност. Во 20тите години на мојот живот го победив ракот, а последнава деценија живеам со мултиплекс склероза. Продолжена болест не е нова теорија за мене. Она што е ново е скептицизмот и неверувањето, вели Ана.