На ЕУ ќе ѝ бидат потребни дополнителни две милијарди дози вакцини против Ковид-19 од 2022 година понатаму, објави Европската комисија.

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, изјави дека веќе е договорено да се потпише договор за набавка на дополнителни 900 милиони дози од вакцината на „Фајзер“ по повисока цена во споредба со првичните договори.

Брисел потврдува дека веќе се почнати договори за набавка на дополнителни дози на вакцини што ќе се користат за следните фази на пандемијата.

„Ние мора да бидеме подготвени за фактот дека има потреба од уште една ревакцинација, потреба за одбрана од нови видови на вирусот, како и потреба за идна вакцинација на деца и тинејџери“, изјави портпаролот на Комисијата, Стефан де Керсмекер.

Тој вели дека постои препознатлива потреба од речиси 2 милијарди дози во ЕУ за да се исполнат предизвиците што претстојат и дека се потпишани нови договори во консултација со земјите членки.

ЕК не сакаше да ги коментира наводите на бугарскиот премиер за повисоката цена на вакцината на „Фајзер“ наведувајќи дека деталите од договорот не може да бидат презентирани или дека може да се споредуваат претходните договори, што би значело инвестиција во развој на вакцини со нови набавки.

 

makfax.com.mk