Легендарниот велосипедист Ленс Армстронг, е обвинет дека користел мотор на Тур Д’Франс.

Ова го соопшти некогашниот шеф на Анти-допинг на француската Агенција, Жан Пјер-Верди, кој кажа дека Армстронг користел „технолошки допинг“.

Армстронг призна дека користел допинг за време на неговата кариера, и одземени му се сите титули на Тур Д’Франс, односно сите седум.

Француските новинари извлекле и снимка на која се гледа дека Армстронг често го допирал задниот дел на велосипедот, за да го вклучи моторот.

Моторот бил тежок 800 грама, и неговата сила е од 500 вати. Тоа е сосема доволно да ги победи конкурентите.

 

sportmedia.mk