Тотенхем загуби уште еден меч во Премие лигата. „Спарси“ предводени од Жозе Мурињо добија шлаканица од Манчестер Јунајтед во 31. коло. Гостите си заминаа со победа од 1:3. Тоа воедно беше десетти пораз за лондонскиот клуб во сезоната 2020/21. Според „Squawka“ португалскиот стратег прв пат во кариерата забележал 10 првенствени порази во една сезона.

По 31. коло, Тотенхем е на седмото место на табелата во Премиер лигата. Тоа е голем проблем затоа што кај дел од ѕвездите се чувствува незадоволство. Хари Кејн, според англиските медиуми, наводно се заканил дека ќе си замине ако до крајот на сезоната „Спарси“ не обезбедат место во Лигата на шампионите.

Како дополнување, Тотенхем испуштил 18 поени оваа сезона во ситуации кога водел, а на крајот губел поени. Втор е на оваа листа после Брајтон (20 поени).

Жозе Мурињо нема победа на претходните пет домашни натпревари против екипи кои претходно ги тренирал (Манчестер Јунајтед и Челзи).

sportmedia.mk